„Го победив Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата“

Австралискиот тенисер Алекс де Минор беше пресреќен што го победи Новак Ѓоковиќ на Јунајтед купот во Перт.

Де Минор победи против Ѓоковиќ со 6-4, 6-4, а неговиот тим подоцна обезбеди пласман во полуфиналето на натпреварувањето.

„Тоа е неверојатно, толку многу што е тешко да се опише со зборови. Тоа е многу убаво чувство. Се што можеше да помине добро денеска, помина. Горд сум што можам да кажам дека успеав да го победам најдобриот тенисер на сите време“, рече Де Минор. 

Се вчитува...