Го познавате ли екс-голгетерот од сликата: Тресеше мрежи за ПСЖ и за Србија, поради верата го смени имиџот

Ретко кој може да претпостави дека човекот на фотографијата е поранешен усшешен фудбалер, кој по блескавата кариера се реши да сврти нов лист во животот.

Станува збор за 46-годишниот Даниел Љубоја, екс-голгетерот на ПСЖ, Штутгарт, Сошо, Легија Варшава… кој своевремено настапуваше со успех и за репрезентацијата на Србија и Црна Гора. Тој по крајот на играчката кариера реши да се сврти кон религијата, по што го промени и личниот изглед.

Љубоја како фудбалер беше препознатлив по невообичаениот имиџ и фарбањето на косата низ средината на темето, а сега промената е огромна, не само поради поголемиот број на килограми, туку и пуштената брада….

„Требаше и порано да се свртам кон Бога. Низ него и низ верата можеме да направиме некои поразлични потези во животот, требав тоа и порано да го увидам. Пред 15-20 години јас верував во Бога, но не на таков начин како денес. Ќе направев сигурно некои работи поразлично , но јас сум среќен од тоа што ми се случуваше во животот. Му благодарам на Бога и на своите родители за сите добри работи, во животот видов многу фудбалери кои беа подобри и поталентирани од мене, но не успеаја да направат кариери бидејќи коцките не им се поклопија“, изјави Љубоја.

Се вчитува...