Гај Ру, сега 86-годишниот поранешен тренер засекогаш ќе остане запишан во историјата на францускиот Оксер, но и во историјата на фудбалот како пример за лојалност, човек кој помина 44 години во својот омилен клуб, достигнувајќи успех кој никој не го очекуваше.
Ру во 1961 година на свои 23 години го превзема тогаш непрофесионалниот клуб, без буџет или било каква надеж за успех со писмо до претседателот на клубот дека е подготвен да направи буквално се.
Со својата харизма, но и добар план ги натерал локалните фармери да донираат опрема за одржување на теренот, жените на фудбалерите биле одговорни за шиење на опрема за тренинг, а самиот се задолжил за одржување на електриката на теренот и во соблекувалната.
Во 1980 година целејќи на долгорочен успех го одбил трансферот на тогашната ѕвезда на францускиот фудбал Оливие Руер и со парите оформил современа младинска академија која подоцна е одговорна за формирање на ѕвезди како Ерик Кантона, Лорент Бланк и Џибрил Сисе.
Годините макотрпна работа завршија со голем успех во 1996 година кога Оксер направи фудбалско чудо освојувајќи го француското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

