Го прашаа Папата дали Меси е Господ…

Папата Франциск беше специјален гостин на една аргентинска телевизија, а од бројните прашања едно предизвика огромно внимание на јавноста – откако новинарот Жорди Еволе го праша за негово мислење: Дали Лео Меси е Бог.

„Ако зборуваме буквално, самото опишување на Меси како Господ е богохулие. Да се каже дека е „Бог со топка кога е на теренот“ е популарен опис, но за мене е погрешен. Тој е прекрасен играч за гледање, но не е Господ“ – истакна Франциск.

Тој важи за голем фан на „ѕвездата“ на Барселона, откако во 2016 година беше прашан кој е најдобриот фудбалер на сите времиња, Марадона или Пале, а Франциск кратко одговори: За мене, само Лео Меси!.

Се вчитува...