Лео Меси ова лето заминува од редовите на ПСЖ, а и покрај тоа што нема одбрано клуб каде ќе ја продолжи веќе богатата кариера во медиуми најгласни се шпекулациите за камбек во Барселона и преселба во Саудиска Арабија каде Ал Хилал му нуди неверојатни 400 милиони евра по сезона.
А, додека Саудиците се надеваат на втората опција и ново првенство каде главното дерби ќе биде помеѓу Роналдо и Меси за првата опција „навива“ Али Ал-Булаихи бидејќи стравува од отказ.
Имено, репрезентативецот на Саудиска Арабија кој сега е дел од Ал Хилал на Светското првенство го провоцираше Меси по победата на неговата татковина со 2-1.
„Не знам што ќе се случи, но се плашам дека ќе рече „Не го сакам играчот со број пет“. Не сум сигурен дали ќе дојде, но Бог нека ме чува ако стигне. Ако дојде нема да бидам во клубот првите два дена додека не ја проследам ситуацијата од страна. Може ме заборавил“, вели Ал-Булаихи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

