Плејмејкерот на Монако, Мајк Џејмс имаше извонреден настап против Партизан во 24. коло од Евролигата во кој со 19 поени, седум асистенции и пет скокови го предводеше францускиот тим до триумф од 85-70 и со 31 индексен поен го доби признанието за најкорисен играч на колото.
Американецот реализираше три од шест обиди за два поени, два од шест за три поени и седум од девет обиди за еден поен со кои притоа се изедначи на втората позиција со Нандо де Коло на вечната листа на постигнати поени во Евролигата.
За Мајк Џејмс тоа е 11 пати во кариерата да го добие признанието за најкорисен играч на колото во најсилното европско кошаркарско првенство.
A special night for @TheNatural_05 as he not only claimed MVP of the Round honors but also joined Nando De Colo as joint 2nd All-Time Points Scorer 👏
‘MVP of the Round’ I @PaniniAmerica pic.twitter.com/ThdraV4k3c
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) February 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА