Кошаркарите на Басконија успеаја да го одбранат домашниот терен од Партизан во шесттото коло до Евролигата славејќи во неизвесна завршница со 84-83. Херојот на шпанскиот тим беше Чима Монеке кој беше мирен во реализацијата на слободни фралање во последните секунди од средбата.
Нигериецот со тоа во навлече и бесот на дел од навивачите на „црно-белите“ кои незадоволството го искажаа упатувјаќи му пораки на социјалните мрежи. Монеке објави дел од нив каде што е навредуван и на расна основа, нешто што може да биде голем проблем за Партизан со оглед на нула толеранцијата за ваквите испади.
Хахахахахахахахахахахахахахахахахахаххахахаха pic.twitter.com/Kuqo52mDPD
— Милош (@milos2700) November 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА