Консултантот на Ред Бул, Хелмут Марко, за време на тркачкиот викенд во Кина потврди дека австрискиот тим разговарал со возачот на Ферари, Карлос Саинц за враќање во австрискиот тим.
Ред Бул продолжи со доминантните изданија и во новата сезона, откако на штотуку одржаната трка триумфираше Макс Ферстапен, а на подиумот како трет заврши и Серхио Перез.
Договорот на Мексиканецот со Ред Бул истекува на крајот од сезоната, па тимот ги разгледува опциите. Еден од најпримамливите возачи е Саинц, кого следната година во Ферари ќе го замени Луис Хамилтон од Мерцедес.
„Точно е, разговаравме со Карлос. Има многу богата понуда од Ауди (кој преку Заубер влегува во Формула 1) и никако не можеме да му понудиме толкава плата“, изјави Хелмут Марко.
Саинц ја започна својата Формула 1 кариера во развојниот тим на Ред Бул, Торо Росо. Шпанецот возеше и за Рено и Мекларен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА