Ото Адо успеа со Гана да ги мине квалификациите за СП 2026, но овој стратег сепак нема да ја води својата селекција – затоа што доби отказ по синоќешниот пораз од Германија од 2-1.
Гана парираше на големиот фаворит и несреќно загуби со голот на Ундав во 89. минута, но тоа не беше доволно за да се спаси Адо, кој доби отказ на само 72 дена пред почетокот на мундијалот.
За главен грев му се зема што не успеа воопшто да се пласира на Купот на Африкански Нации, па последните порази на контролите со Австрија и со Германија му пресудија на Адо, кој дефинитивно нема да ја води Гана на претстојниот мундијал.
„Фудбалскиот сојуз на Гана ја прекинува соработката со Ото Адо, што стапува на сила веднаш“, се вели во краткото соопштение на федерацијата.
Гана се наоѓа во група со Англија, Хрватска и со Панама на СП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

