Го судеше најлудиот мундијалски меч, сега стана тренер

Кога фудбалот ти е во крвта, остануваш дел од него и кога ќе се пензионираш. Тоа е случајот и со Мексиканецот Марк Антонио Родригез, кој со години важеше за најдобар мексикански судија, за по завршувањето на кариерата да заплови во тренерски води.

Родригез ја делеше правдата и на неколку светски шампионати, а беше задолжен за арбитража и на еден од најлудите мундијалски мечеви во историјата, победата од 7-1 на Германија над Бразил во полуфиналето од СП 2014. Откако ја мина возрасната граница и мораше да ја промени професијата тој најпрвин беше новинар, а откако се здоби со тренерска лиценца веќе го најде и првиот ангажман.

„Ќе бидам тренер во третолигашот Саламанка. Цел ми е да напредувам, исто како кога бев судија“ – коментира Родригез.

Се вчитува...