Го суспендираа поради коцкање, а Јуве му го продолжи договорот

Јувентус му го продолжи договорот на својот фудбалер Николо Фаџоли до 2028 година, само еден месец откако играчот беше суспендиран поради кршење на правилата за обложуваање.

Клубот од Торино веднаш по суспензијата пружи поддршка на Фаџоли, кој призна дека е зависен од коцкање, и го најави продолжувањето на договорот со играчит.

Фаџоли се согласи на спогодба со федерацијата и покрај суспензијата, ќе мора да оди и на терапија за одвикнување од коцкање. Тој соработуваше со властите, што придонесе казната да биде само седум месеци надвор од терените.

Се вчитува...