Го суспендираа зошто се почешал за време на кинеската химна

Фудбалската федерација на Кина го суспендира на еден натпревар напаѓачот на Шандон лунин, Диего Тадели, затоа што не ја испочитувал кинеската химна. Бразилецот ја навалил малку главата и се почешал при интонирањето на химната, а тоа е оценето како непримерно однесување.

33-годишниот Диего Тардели во Кина пристигна во 2015 година и за Шандон лунин има одиграно 56 натпревари и постигнато 32 гола. Тој во Бразил настапуваше за Сао Паоло и за Фламенго. Шандон го загуби натпреварот против Шангај СИПГ со 2-4.

Се вчитува...