„Го убедував Федерер да игра за Германија“

Општо е познато дека Тениската федерација на Велика Британија во минатото безуспешно се обиде да го убеди Новак Ѓоковиќ да го смени пасошот и да игра под нивно знаме. Но, досега, малкумина знаеја дека Борис Бекер го убедувал Роџер Федерер да игра за Германија.

„Го познавам Роџер уште од мало момче. Тој е од Базел во Швајцарија, кој се наоѓа на границата со Германија. Затоа сакав да игра за Германија, а не за Швајцарија.  Разговарав малку со него, но тој веќе беше етаблиран во Базел, во Швајцарија. Се надевавме, бидејќи е само три километри од границата со Германија. Се обидов, но не вредеше“, изјави Бекер. 

Се вчитува...