Тренерот на Ботафого, Ренато Паива, откри како неговиот тим го победи ПСЖ на Светското клупско првенство.
Бразилскиот тим беше подобар од актуелниот шампион на Европа со 1-0, во второто коло од Групата Б на Светското првенство.
„Го убивме ПСЖ со нивниот отров. Игравме одлично, како тим, во одбраната и во нападот. Им реков на играчите да уживаат, одиграа совршен натпревар“ – рече Паива, притоа не штедејќи пофални зборови и за тимот на Луис Енрике.
„Тие играат како тим. Тоа е тајната на Пари Сен Жермен, затоа освоија сè што освоија. Затоа станаа референца во светот на фудбалот“.
Разликата меѓу европскиот и јужноамериканскиот фудбал се намалува.
„Тајната е во квалитетот на бразилските фудбалери и луѓето кои работат во нашиот фудбал. Домашни или странски, ние тренерите сме храбри“ – вели Паива.
Ботафого има шест бода, а нивниот следен натпревар е во понеделник против Атлетико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

