Го урна јуниорскиот светски рекорд на 100 метри, па доби суспензија поради допинг

Суринамскиот атлетичар Исам Асинга (19) е суспендиран на четири години поради прекршување на допинг правилата, соопшти Атлетската единица за интегритет (АИУ).

Покрај суспензијата, на Асинга му беа одземени и двата златни медали што ги освои на првенството на Јужна Америка на 100 и 200 метри. Избришан е и неговиот светски рекорд на 100 метри до 20 години од 9,89, кој го истрча на првенството во Сао Паоло минатата година.

Асинга беше привремено суспендиран во август минатата година, откако беше позитивен на тестот за забранети метаболити за време на тест надвор од конкуренција, еден месец откако го постави светскиот рекорд за јуниори.

Асинга се бранел дека е позитивен бидејќи јадел заразени слатки.

Се вчитува...