После победата над Манчестер Јунајтед, египетскиот интернационалец Мохамед Салах ги шокираше навивачите на Ливерпул, најавувајќи дека ја игра својата последна сезона на „Енфилд“.
Салах го постигна третиот гол за својот тим во победата од 0-3 на „Олд Трафорд“, а по мечот најави нешто кое никој не го очекуваше.
„Поминав многу добро лето и време е да останам позитивен, затоа што ова е мојата последна сезона во клубот. Сакам само да уживам и да не размислувам на ништо. Сега чувствувам дека можам да играм уште, но ќе видиме што ќе се случи кога ќе заврши сезоната“, изјави Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА