Антверпен пред неколку дена испиша историја, и за првпат влезе во групите во Лигата на шампионите елиминирајќи го составот на АЕК Атина во плеј-офот.
Белгискиот тим веднаш реагираше и го награди тренерот Ван Бомел со нов договор, кој е во траење до 2025 година.
Екс легендарниот фудбалер на Холандија го презеде тимот минатата сезона, и успеа да ја освои титулата во Белгија по драматичен крај, а тоа не беше крај на успесите на Холанѓанецот, кој успеа да ја внесе екипата и меѓу европската „елита“.
Ван-Бомел во минатото кратко беше дел од Волфсбург, а претходно го водеше и тимот на ПСВ. Антверпен во ЛШ е во група со екс клубот на Ван Бомел Барселона, потоа со Порто и со Шахтјор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

