Го запишува секој гол на Меси, а за 100. роденден доби неверојатен подарок (видео)

Аргентинскиот навивач Дон Хернан се прослави откако една телевизија објави ТВ-сторија за него како човек кој ги запишува сите голови во кариерата што ги постигнува Лионел Меси.

Тој во специјален нотес ги бележи головите, начинот на нивно постигнување, противничката екипа и голманот што ги примил. Дон Хернан пред неколку дена го прослави својот стоти роденден, а најубавата честитка ја доби откако на телефонот на неговиот внук пристигна видео-повик – од Лео Меси лично.

„Му ја покажав пораката и не можеше да верува, Меси лично му го честиташе роденденот“, прокоментира неговиот внук.

„Здраво Хернан. Приказната за тебе стигна до мене и прекрасно е што ги следиш головите што ги постигнувам на таков начин. Сакам да ти испратам голема прегратка, да ти се заблагодарам за тоа што го правиш, што ме следиш и ми посакуваш се најдобро. Се гледаме наскоро“, му порача Меси на пресреќниот дедо.

Се вчитува...