Го знаат ли Самсоненко во Русија?! Јаневски мораше да го пофали на прес…

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот меч со Зенит, среде Русија, го испофали рускиот газда на македонскиот најтрофеен клуб, Сергеј Самсоненко. Намерно или не, тој им објасни на Русите дека газдата на ФК Вардар е всушност Русин…како тие да не знаат?!

„Сопственикот на клубот е од Русија. Тој има три екипи под исти бренд, еден фудбалски и два ракометни, во машка и женска конкуренција. Ние сме презадоволни од тоа што Самсоненко го дава во ФК Вардар. Тој е господин човек и навистина е задоволство да се соработува со него. Имаме ултра модерна инфраструктура со комплекс на кој ни завидуваат. Едноставно, благодарение на Сергеј личиме на европски клуб“, изјави Јаневски во врска со својот газда.

Се вчитува...