Првиот човек на хрватскиот ракомет, Зоран Гобац, во изјава за ЕКИПА откри дека Лино Червар не ја одбил понудата да стане селектор на „коцкестите“, а разврската околу наследникот на Жељко Бабиќ ја очекува во следниот период. Гобац денеска се сретна со Червар, па додека македонскиот селектор е недостапен за коментар, хрватскиот ракометен работник откри неколку детали од разговорите.
„Се сретнавме со Червар и дискутиравме. Можам да кажам дека тој не ја одби Хрватска. Доби понуда за која ќе треба да се изјасни во најскоро време“ – истакна Гобац за ЕКИПА.
Ставот на Хрватска Ракометна Федерација е јасен, доколку Червар сака да стане селектор тој ќе треба да си замине не само од репрезентацијата, туку и од Металург по завршувањето на оваа сезона.
„Ние бараме селектор што целосно ќе се посвети на репрезентацијата. Можеме да толерираме тој селектор да има клупски ангажман до 15 јуни, но потоа дефинитивно ќе мора да работи само со хрватскиот национален тим“ – дециден е по ова прашање Зоран Гобац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА