Гоџа со победа во Квитфил до малиот кристален глобус во супер-џи, продолжува борбата меѓу Шифрин и Ајхер

Италијанската алпска скијачка Софија Гоџа славеше на последниот супервелеслалом во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање која што денеска се возеше во норвешкиот ски-центар Квитфил и со тоа го обезбеди малиот кристален глобус во оваа дисциплина.

Италијанката до победата стигна со време од 1:29.23 минута што беше за 32 стоти делови од секундата подобро од Австријката Корин Сутер. Подиумот го надополни Германката, Кира Вајлд-Винкелман со заостанување од 60 стотинки зад времето на победничката.

Ема Ајхер заварши како четврта и со тоа ја намали негативата на Микаела Шифрин кој не освои бодови на само 45 поени во генералниот пласман на Светскиот куп пред последните две трки во велеслалом и слалом.

 

Се вчитува...