Годин не игра за Атлетико М. до крајот на сезоната во Примера

Уругвајскиот интернационалец Диего Годин нема да може да игра за тимот на Атлетико Мадрид до крајот на сезоната во шпанското првенство. Тој заработи црвен картон на минатиот натпревар против Еибар, а денеска Дисциплинската комисија на Примера му одреди суспезнија од три натпревари.

Годин доби два жолти картони и беше исклучен, но потоа ја продолжи расправијата со судијата, порачувајќи му дека треба да си земе наочари, за да ги гледа случувања на теренот. Токму тоа е и причината што Уругваецот ќе паузира три натпревари, што всушност е до самиот крај на сезоната во Шпанија.

 

Се вчитува...