Година во знакот на фудбалот – Пандев, Мрме, ФФМ, репрезентација… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Сосема очекувано македонскиот фудбал ги понесе поголемиот дел од признанија во изборот на најдобрите спортисти за 2020 година, по пласманот на националниот тим на Европското првенство оваа година.

Горан Пандев е најдобар спортисти, селекторот на А-репрезентација Игор Ангеловски е најдобар македонски тренер, сениорската репрезентација е најдобар национален тим а Фудбалската федерација е најдобрата спортска федерација во Македонија.

На овие награди на свеченоста која се одржа во А1 арената во СЦ Борис Трајковски во Скопје, а на која признанијата ги доделија премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, како и истакнати поранешни македонски репрезентативци Ванчо Димовски, Никола Ѓошевски, Андријана Будимир…, се дополнија и признанијата за каратето: Вероника Костовска како најдобра спортистка, и Роберто Ацковски и Магдалена Божиновски како најдобри спортисти, сето тоа дополнето со шахистот Владимир Тркаљанов како најдобар спортист од лицата со инвалидитет.

 

 

Се вчитува...