Новото издание на „Четири скокалници“ без легендарниот Полјак

На годинашното издание на новогодишната турнеја, четири скокалници, нема да учествува 37-годишниот Полјак Камил Штох, кој во текот на кариерата три пати победи во ова натпреварување.

Штох е еден од шесте скокачи кои го освоиле ова натпреварување најмалку три пати низ историјата. Низ историјата, само Штох, Германецот Свен Ханавалд и Јапонецот Рјоју Кобајаши победиле во една година на сите четири скокалници, во Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен. Штох тоа го направи во сезоната 2017/18.

Самиот Штох одлучи дека годинава не е подготвен за квалитетно натпреварување, па селекторот на полската репрезентација го состави тимот без него. И покрај слабата форма на стартот од новата сезона, Стох заслужи покана за турнејата, бидјеќи со 57 бода моментно се наоѓа на 28. место во генералниот пласман во Светскиот куп.

Во кариерата Стох победи 39 пати, додека на подиумот беше 80 пати.

Се вчитува...