Златан Ибрахимовиќ дефинитивно нема среќа со повредите оваа сезона, откако Швеѓанецот се соочи со нов проблем при настапите за националниот тим, па сега одново ќе мора да паузира од терените.
Ибрахимовиќ повреден се вратил назад во Милано, каде деталните прегледи покажале пауза од најмалку две седмици од терените. Златан ќе го пропушти големото дерби со Наполи, а најверојатно и следните пресметки со Емполи и со Болоња. Воедно, Ибракадабра нема да настапи ниту на двете четвртфинални средби од ЛШ против Наполи, бидејќи воопшто не се најде на списокот на „росонерите“ за втората фаза од елитното европско натпреварување.
Ибрахимовиќ е фудбалски феномен, но годините дефинитивно го прават своето, а честите повреди на 41-годишна возраст (во октомври ќе наполни 42) ќе придонесат тој да донесе одлука за пензионирање, најверојатно веќе на крајот од оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА