Годишнина од големиот инцидент: Дванаесет години од „главата на Зидан“ (видео)

Минаа точно дванаесет години од големото финале на СП 2016 меѓу Франција и Италија. „Аѕурите“ го паметат дуелот по освојувањето на својата последна светска круна, но овој меч дефинитивно засекогаш ќе биде запаметен по големиот инцидент во продолжението, кога Зинедин Зидан го глава го удри Марко Матераци.

Италијанскиот дефанзивец успеа да го испровоцира францускиот капитен, до ден денеска не се дозна што точно Матераци му рекол на Зидан (се шпекулира со навреди за семејството на Зизу), но затоа видеото со инцидентот до ден денешен се врти како еден од најголемите инциденти во историјата на мундијалските финалиња.

 

Се вчитува...