Американската тенисерка и актуелна шампионка на УС Опен Коко Гоф ќе ги пропушти натпреварите на националниот тим на „Били Џин Кинг“ купот.
Исто така, втората тенисерка во светот, Полјчката Ига Швјонтек, втора година по ред ќе го прескокне ова натпреварување.
Гоф и Пегула, двете прворангирани американски тенисери, нема да бидат дел од репрезентацијата. Медисон Кис, Софија Кенин, Даниеле Колинс, Слоун Стивенс и Тејлор Таунсенд ќе ја претставуваат селекцијата на САД на турнирот закажан од 7 до 12 ноември во Севилја.
Најголемото екипно натпреварување во женскиот тенис започнува само два дена по завршниот ВТА турнир во Канкун, Мексико, на кој ќе учествуваат и Гоф и Швјонтек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

