Коко Гоф обезбеди пласман во големото финале на завршниот ВТА-турнир што се одржува во Ријад откако по голема борба ја совлада првата носителка Арина Сабаленка со 2-0 во сетови.
Сабаленка прикажа најмногу во женскиот тенис во последните месеци и важеше за фаворитка на овој завршен турнир, но Белорусинката немаше одговор за расположената Гоф, која на крајот заслужено го прослави пласманот во своето прво финале на ВТА-шампионатите. Првиот сет донесе израмнета битка што Американката ја доби во тајбрејк, Гоф полна со самодоверба потоа направи два брејка на стартот од вториот сет, поведе со 4-1 и на крајот славеше со 6-3.
Нејзина противничка во големото финале ќе биде олимписката шампионка Чингвен Женг, која со 2-0 во сетови беше подобра од Барбора Крејчикова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА