Во јануари американската тенисерка Коко Гоф откри дека го анализирала „ритрнот“ на Новак Ѓоковиќ во обид да го подобри тој удар, а сега вели дека нашла инспирација во Новак за друг сегмент од играта.
На прес-конференцијата по победата над Оушан Додин во Мајами, 20-годишната Гоф беше прашана за влијанието на легендарната Крис Еверт врз нејзината игра.
„Ќе бидам искрена. Не пораснав гледајќи ги нејзините видеа, бидејќи таа е неколку генерации зад мене. Сепак, ја запознав малку повеќе надвор од теренот. Многу убава личност, понекогаш се допишуваме. Кога станува збор за нејзиното влијание врз тенисот, дефинитивно нејзиното е едно од имињата што прво им паѓа на ум на луѓето. Таа е безвременска. Кога станав професионалец, почнав да гледам повеќе од нејзините стари снимки. Не би рекол дека го моделирав мојот бехенд по нејзиниот (Еверт). Всушност, јас и мојот тим се обидовме да го моделираме нашиот бехенд по Новак Ѓоковиќ, оттаму доаѓа инспирацијата“, вели Гоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

