Една од најдобрите тенисерки на денешницата, Американката, Кори Гоф е втората финалистка на францускиот гранд-слем, Ролан Гарос.
Американката до финалето стигна со убедлив триумф од 2-0, по сетови 6-1 и 6-2 против домашната сензација Лои Бојсон.
Во финалето Гоф за противничка ќе ја има првата тенисерка во светот, Белорусинката, Арина Сабаленка која во првото полуфинале беше подобра од четирикратната освојувачка на гранд-слемот во Париз, Ига Швјонтек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

