Гоф за ситуацијата во САД: Тешко е да си Афроамериканка во оваа земја

Третата светска тенисерка Коко Гоф, по победата против Олга Даниловиќ во второто коло од Отвореното првенство на Австралија, зборуваше за социјалните проблеми во Соединетите Американски Држави.

21-годишната Американка веќе ги освои Ролан Гарос, Отвореното првенство на САД и ВТА завршниот турнир, но сè уште се соочува со проблеми кои немаат никаква врска со она што се случува на теренот. По пласманот во третото коло во Мелбурн, Гоф зборуваше за расните тензии во САД и за животот како „жена со боја на кожа“.

„Само сакам повеќе мир во нашата земја. Опсесијата со расата е сè уште огромна, особено на социјалните медиуми. Уморна сум од тоа. Мојата баба беше првата Афроамерикнака што одеше во интегрирано средно училиште во Флорида. Таа беше многу активна во локалната заедница. Тоа е борба што ја носам во себе. Не е прашање на притисок, туку само она што чувствувам дека морам да го направам“, изјави Гоф. 

Се вчитува...