Ракометарите на ППД Загреб доживеаја убедлив пораз на домашен терен од Гог (..) во натпревар од првото коло во новата сезона во Лигата на шампионите. Гостите од Данска почнаа фуриозно уште од самиот старт и на пауза заминаа со предност од шест гола (12-18).
До крајот гостите рутински го приведоа мечот за конечни 27-31. Толбринг и Јоргенсе со по пет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Чупиќ и Лејметер завршија со ист број голови.
Во вториот натпревар од терминот во 20.45 часот до лесна победа стигна и полски Кјелце на домашен терен против Нант од 40-33. Николас Турна со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа деветте гола на Ејмерик Мине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА