Васил Гогов, голманот на Вардар ја продолжи верноста со клубот до јуни 2026 година, потврдија од „црвено-црните“. Гогов е дел од овој тим од 2019 година Има искуство со играње во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Со Вардар ги освои сите домашни трофеи.
Извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски вели дека е задоволен од напредокот на Гогов и дека очекува уште подобри игри во иднина и според него, тој ќе биде иднината на македонскиот ракомет.
„Гогов е голман кој е иднината на македонскиот ракомет, и тој допрва ќе блеска. Вардар е задоволен од неговото напредување и е убеден во уште подобри игри во иднина. Досега секогаш беше дел од голмански тим каде можеше да научи и да „украде“ од поискусните и време е да добие поголема минутажа во иднина. Вардар секогаш е место каде има шанса за докажување и напредување, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА