Ракометарите на Вардар претрпеа несреќен пораз на последното гостување во Шведска, но веќе утре ќе имаат можност за реванш, во 18.45 часот во салата „Јане Сандански“ ќе го пречекаат тимот на Кристијанштад.
Голманот на „црвено-црните“ Васил Гогов на официјалната прес-конференција зборуваше за мечот кој ќе се игра утре.
„Играме против Кристијанштад второ коло по ред во Европската лига. На гостински терен одигравме со многу грешки, а сега се подготвувавме да ги намалиме максимално што можеме. Мораме да дадеме свој максимум за да се вратиме на првото место во групата“, изјави Гогов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

