Гојкочеа се расплака среде емисија кога почна да зборува за Марадона: Плаче легендарниот голман, плаче и водителката (ВИДЕО)

Смртта на Диего Марадона размрда многумина во светот на фудбалот. Сосема јасно најпотресени се неговите поранешни соиграчи од аргентинската репрезентација со кои стигна на врвот на светот 1986 година во Мексико.

Легендарниот голман, Серхио Гојкочеа гостувајќи во една емисија посветена на Марадона, не можеше да се воздржи, расплакувајќи се кога почна да зборува за големиот Диего.

Солзите не можеше да ги задржи и водителката, што е само уште еден показател за тоа каков статус има Марадона во Аргентина. Статус кој ниту еден друг нема да го доживее…

Се вчитува...