Шкупи одигра реми 3-3 на отворањето на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига против Воска на домашен терен.
Тренерот на чаирчани Ернест Ѓока истакна дека и покрај тоа што ова беше прв натпревар и се очекуваше да биде тежок, тимот требаше подобро да ги искористи создадените можности.
„Требаше да се искористат повеќе можности, но треба да се знае дека првите натпревари се секогаш многу тешки. Мораме да научиме од ова бидејќи не е доволно само да создаваме шанси, туку мораме да бидеме многу внимателни и во фазата на одбрана. Противникот максимално ги искористи неколкуте шанси што ги имаше. Сепак, иако мислам дека сме млада екипа, покажавме на што работевме цело ова време, па верувам дека тимот ќе почне да се крева недела по недела“, изјави Ѓока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА