Шкендија повеќе од заслужено стигна до четвртата своја титула во историјата, на четири кола пред крајот на првенството убедливо осигурувајќи ја предноста на врвот пред Шкупи.
Ако претходни три титули беа врзани со иконата на клубот Ќатип Османи, овој пат прв трофеј за Ернест Ѓока со Шкендија.
“Носиме навистина посебно чувство, посебна радост, зашто на крај работата на комплетниот стручен штаб, фудбалерите и сите во клубот се круниса онака како што треба… Цела година напорно работевме, бевме под притисок и стрес и сега на крајот сето тоа го заокруживме со титула. Лично сум пресреќен, но среќен сум искрено од срце и за помошниците, фудбалерите, управата, посебно зашто од почеток најавивме борба за титулата и сега тоа го остваривме. Минавме низ една тешка година, но мислам дека го извадивме најдоброто што можевме и на крај успеавме во нашите цели“ – истакна Ѓока по освоениот трофеј со „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА