Еден од најдобрите напаѓачи изминатата сезона Виктор Ѓекереш е пред заминува од Спортинг. За него постои сериозен интерес од страна на Арсенал, но португалскиот и англискиот тим не успеваат да се договорат за цената на трансферот.
Со цел да го принуди својот клуб да прифати помала сума од посакуваните 100 милиони евра, Швеѓанецот не се појави на подготовките за новата сезона по што доби казна од страна на Спортинг.
Дваесетиседумгодишникот ќе биде парично казнет, а и ќе мора да им се извини на соиграчите бидејќи не се појави на првиот тренинг, откри претседателот на Спортинг.
„Никој не е над клубот и Ѓокереш го чека парична казна и мора да им се извини на соиграчите. Тие кои мислат дека со ова ќе направат притисок врз мене, гадно грешат. Ова дополнително ќе ја отежни ситуацијата“, изјави претседателот Варандас кој е подготвен и преговорите да пропаднат со оглед на тоа што голгетерот има активен договор и за следните три сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

