Ѓокереш сега блиску до преселба во Јувентус

Јувентус е подготвен да продаде неколку играчи, за да дојде до потписот на одличниот напаѓач Виктор Ѓокереш. Клубот од Торино сака да го потпише голгетерот на Спортинг и на шведската репрезентација.

„Старата дама“ за оваа цел детектираше кои фудбалери ќе ги продаде за да дојде до услугите на Швеѓанецот, кој во последните две сезони на 102 меча постигна 97 голови.

Јувентус очекува да собере добра сума на пари од продажба на Душан Влаховиќ, но тоа не е се. Ќе го продава и Даглас Луиз. Од овие двајца Јуве очекува приход од 60 милиони евра. Дополнителни 15 милиони би можеле да добијат од продажбата на дефанзивецот Лојд Кели. Крилниот напаѓач Самуел Мбангула се проценува на 15-20 милиони евра. Дополнителни средства би можеле да донесат и продажбите на Аркадиуш Милик, Матија Перин, дефанзивецот Даниеле Ругани и од крилниот фудбалер Филип Костиќ.

Се вчитува...