Ѓокереш со прв гол, Арсенал убедливо го совлада Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Новото засилување на Арсенал, Виктор Ѓокереш го имаше својот прв гол во третиот настап за Арсенал откако дојде од Спортинг Лисабон. Швеѓанецот во 34. минута го отвори резултатот на натпревар во рамките од „Емирејтс Купот“ против Атлетик Билбао. Ѓокереш со глава по нафрлена топка од Зубименди, успеа да погоди во голот.

Три минути подоцна, Букајо Сака успеа да погоди и да му донесе на Арсенал предност од 2-0 во оваа пресметка.  

Конечните 3-0 ги постави Хаверц со вол во 82. минута.

Се вчитува...