Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски е прогласен за тренер на месецот во Дивизија 1 во шампионатот на Саудиска Арабија.
Хаџиевски, кој го предводи саудискиот второлигаш Наџран, го доби признанието по одличните резултати на тимот кој се бори за опстанок во лигата.
Македонскиот стратег беше доведен да го спаси тимот од испаѓање, и веќе успева во тоа откако во последните шест кола имаат само еден пораз. Битката за опстанок продолжува, која ќе мора да се избори низ последните четири натпревари во првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА