Ѓоко Хаџиевски има нов тренерски ангажман откако 70-годишниот стратег потпиша договор за преземање на кормилото на Спартак Варна.
Бугарскиот тим беше во потрага по нов стратег по разделбата од Николај Киров, а изборот на крајот падна врз искусниот Македонец, кој веќе има работено во оваа земја.
Имено, Хаџиевски во сезоната 1993/94 беше предводник на ЦСКА Софија, додека во 2006 година седеше и на клупата на Вихрен од Сандански.
Во богатата биографија на Ѓоко Хаџиевски овој стручњак има седено на клупите на бројни клубови: Вардар, Војводина, Баку, Касторија, Докса, Силекс, а последните тренерски ангажмани му беа во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

