Ѓоко Хаџиевски во ПРЕСИНГ: „Омерагиќ за една година направи многу транспарентни работи, има визија, има идеја, инвестира во инфраструктурата и донесе фудбалски лица!“

Точно една година од изборот на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, кој на денешен ден минатата година на Вонредното Собрание на ФФМ беше потврден на водечката позиција на македонскиот фудбал.

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ наш гостин најтрофејниот македонски тренер во историјата и поранешен селектор, Ѓоко Хаџиевски, кој меѓу бројните теми за домашната фудбалска сцена се осврна и на едногодишното

Иако е, повеќе од објективно, прекраток период за некои драматични промени, како што вели Хаџиевски, Масар Омерагиќ за само една година направи серија транспарентни позитивни нешта за подобрување пред се домашниот фудбал, но и подобрување на угледот на федерацијата во меѓународни рамки.

„Омерагиќ направи доста транспарентни работи. Токму тоа ми се допаѓа, затоа што тој отворено зборува за многу работи кои што се негови идеи, како филозофија за подобрување на целиот амбиент во домашниот фудбал. Јас не се додворувам, сите знаат дека секогаш сум отворен кога се моите ставови во прашање. Знам многу луѓе кои што само му се додворуваат, бидејќи такви знаеме ги има многу во домашниот фудбал, но јас, само сакам да го кажам она кое што го гледам“ – вели Хаџиевски и дополнува:

„Значи, кога зборувам транспарентен, да речеме, прв претседател кој го кажува буџетот на федерацијата. Пред него ниту еден претседател не кажал со колку пари располага. И тоа како се бори за подобрување на инфраструктура. Како што и некои од поранешните претседатели се бореа. Ама некои една трибина правеа шест години, а, тој ги реализира тие проекти. Има идеја да помага на клубовите. Не знам колку опрема е поделена. Првенството се прати низ телевизиски преноси, заедно со имплементираниот ВАР-систем, а сето тоа значи зголемување и на квалитетот на клупскиот фудбал“.

Важно е и што се донесени во федерацијата бројни фудбалски лица…

„А, покрај тоа Масар донесе многу фудбалски луѓе во федерацијата, како Пандев, Најдовски, Ибраими, Новески, Ѓорѓи Христов, Шаќири и многу други кои што се во тој круг на луѓе кои ја претставуваат Македонија надвор. Значи, сите тие имаат свои пријатели, имаат свои кариери надвор од земјата и можат слободно да разговараат и да допринесат за фудбалот. Затоа што понекогаш не е фактор само земјата. Фактор е личноста која може да привлече помош. За разлика од порано кога одевме да играме ние со големи репрезентации и тие се појавуваат со најголемите имиња во европскиот фудбал, а ние со луѓе кои што не играле фудбал во животот“ – вели Хаџиевски.

Според Хаџиевски низ продолжението на мандатот на Омерагиќ треба фокусот да се стави најмногу на едукација на тренерскиот кадар за работа со помладите категории.

„Најголемиот хендикеп мислам дека е тренерскиот кадар, што не се надградува во Македонија. Едукативниот центар кој што постои е важен, но фундаментот не е Едукативниот центар. Не можеш ти да научиш работи кои се наука во нашата професија само со неколку семинари. Треба секоја година да носиме во земјава познати фудбалски тренери кои во континуитет ќе доаѓаат во Македонија и ќе даваат идеи и можности во методологијата на работа на нашите млади тренери во Македонија за да почнеме повторно да создаваме квалитетни фудбалери. А овие луѓе што ги набројав претходно, кои Масар ги има околу себе, тие можат да помогнат да се донесат квалитетни тренери од странство за едукација тука“ – истакнува Ѓоко Хаџиевски во спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“.

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ЃОКО ХАЏИЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...