Ѓоко Зајков до крајот на сезоната ќе игра во Македонија

Работнички или Шкупи? Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков до крајот на сезоната ќе игра во домашниот шампионат. Според информациите на ЕКИПА, двата скопски тима се заинтересирани да го доведат Зајков, кој е „слободен“ до крајот на сезоната, а потоа треба да се врати во украинскиот тим Ворскла Полтава.

Пред неколку дена ФИФА ги замрзна договорите со сите странски играчи кои играа во Украина до крајот на сезонава. Зајков претходно со своето семејство ја напушти земјата, која беше нападната од Русија. Првенството е прекинато, па така Зајков сега бара нова средина каде ќе игра до завршувањето на актуелната сезона, а потоа ако се смири ситуацијата, треба да се врати во Украина.

Зајков претходно играше во Работнички, па потпис со овој тим би значел дека се враќа во таборот на „романтичарите“. Шкупи, пак, по повредата на Рватубјаје ангажираше стопер, но нема лошо да им дојде конкуренција во името на македонскиот репрезентативец. И Зајков треба да побрза со одлуката, со оглед дека треба да биде во комбинација за дуелот на Македонија со Италија во баражот.

Зајков играше во Работнички, па во Рен, па во белгиска Шарлероа, за во минатата година да замине во Левски. Од зимава е дел од Ворскла, но не заигра поради конфликтот со Украина.

Се вчитува...