Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков, не е повеќе член на Ворскла. Стоперот се реши да си замине од Украина од фамилијарни причини.
Зајков беше дел од Ворскла од почетокот на 2022 година, и остана во таборот на овој тим и покрај инвазијата од Русија.
„Клучно за разделбата со Ворскла беше желбата на мојата фамилија. Навистина го сакам овој тим, но сега дојде време да се разделиме. Сакам да се заблагодарам на сите во клубот за одличното минато време тука“, рече Зајков.
Зајков од вечерва е нов член на романска Универзитатеа Крајова. Тој беше промовиран во дресот на романскиот тим и потпиша двегодишен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

