Ѓоковиќ: Сакам да го урнам и рекордот на Џими Конорс

Новак Ѓоковиќ го урна рекордот на Рафаел Надал по бројот на победи на мастерс турнирите по што сега намерува надминување на нов рекорд, оној на легендарниот Џими Конорс по бројот на освоени мастерс турнири.

Конорс е прв на листата со 109 вакви титули, а српскиот тенисер е трет со 99. И покрај тоа што од рекордот го делат 11 титули тој не губи мотивација.

„Би била голема работа доколку успеам да го урнам тој рекорд. Конорс е некој кој искрено го почитувам и му се дивам. Тој отсекогаш мене јавно ме поддржувал и за тоа сум му многу благодарен. Би било феноменално.

Веројатно сега ми е потешко да го постигнам отколку пред неколку години. Одам чекор по чекор. Меѓудругото, не знам ни уште колку ќе играм“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...