Новак Ѓоковиќ испиша историја во тенисот освојувајќи го рекордниот 23. гренслем трофеј во кариерата. Со тоа српскиот тенисер ги остави зад себе Рафаел Надал (22 трофеи) и Роџер Федерар (20), притоа поставувајќи и други рекорди.
Србинот не го криеше задоволството од рекордот, им се заблагодари на публиката и неговото семејство, а имаше и мотивациска порака за младите.
„Здраво на сите, ќе започнам на француски. Ви благодарам на неверојатната атмосфера која ја направивте. Уживав и среќен сум што сум тука со вас во овој посебен моммент. Не е случајност што 23. титула ја освоив во Париз. Многу сум емотивен, многу ми значи ова и на теренот и надвор од него. Горд сум што сум на овој посебен терен. Ви благодарам на сите.
Каспер ти честитам. Ти, твојот тим, твојот татко, семејство сите бевте прекрасни кон мене и ја заслужувате мојата почит. Во денешниот свет е битно само да бидеш човек. Ти си еден од најконстантните играчи на планетата, имаш многу квалитет, ти посакувам да ги победиш сите, освен мене.
Мојата цела фамилија, освен двајцата браќа се тука. Знаете колку сум тежок, луѓето не знаат колку ве мачев вас овие две недели. Би благодарам што ме толериравте.
Многу зборам, ќе скратам. Моите деца се тука, ги гледам како се смејат, уживаат. На сите млади сакам да им кажам дека кога имав седум години сонував прво место и Вимблдон. Сам си ја направив иднината, визуелизирав се. Будете се во сегашноста, но ако сакате подобра иднина створете ја самите“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

