Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ никогаш не ја криел желбата да постави нови рекорди во „белиот спорт“, но не крие ни дека се плаши дека еден ден некој ќе го надмине и него.
Како што вели самиот Србин, тоа може да му помине од рака на Карлос Алкараз, но и на младиот италијански тенисер Јаник Синер.
„Луѓето велат дека никој никогаш нема да ми ги собори рекордите. Но, се сомневам дека Карлос Алкараз сигурно би можел да го направи тоа еден ден. И Јаник Синер. Ако прават се што е потребно за да го зачуваат телото, се фокусираат на долговечноста, размислуваат долгорочно. Карлос веќе постигна нешто што никој толку млад не го направил.
Затоа верувам дека ги има сите шанси многу брзо да ги заврши сите најголеми титули. Самиот тој во неколку наврати кажа дека сака да испише историја. Тој сака да биде најдобар во историјата. Го почитувам тој менталитет. Мислам дека го има она што е потребно за да има таква кариера. Иако можеби е се уште рано за него да зборува за историја“, вели Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА