Ѓоковиќ бара мир: Нема да биде во олимпиското село во Париз

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ посакува да дојде до злато на Олимписки игри во Париз, како негова последна шанса да дојде до медалот кој му недостасува во кариерата

Па затоа, за подобар фокус Ѓоковиќ одбил да престојува во олимпиското село, и побарал изолација со цел да го има потребниот мир пред натпреварите на ЛОИ.

Познато е, пак, дека во Токио српскиот тенисер беше во олимпиското село каде уживаше со останатите спортисти. Но сега, цврсто е решен да дојде до златото.

Тенискиот турнир на ОИ во Париз ќе се игра на терените на Ролан Гарос, а мечевите ќе почнат од сабота.

Се вчитува...