Новак Ѓоковиќ го игра во моментов финалето на АТП турнирот во Аделаида против Американецот Себастијан Корда од САД.
Во моментов е израмнето, 1-1, во сетови. Првите два сета беа решени по тај-брејк со тоа што првиот го доби Корда а вториот му припадна на Ѓоковиќ.
Токму по загубениот прв сет една несекојдневна ситуација во која се најде Ѓоковиќ, видно бесен, довикувајќи кон својот „бокс“… По неговите гестикулации на крај, неговиот брат Марко мораше да ја напушти ложата на трибините, довикувајќи му „надвор“, па мораше да го промени местото на седење…
😳😳😳 Djokovic le dice a su hermano que se marche del box tras perder el primer set. pic.twitter.com/4LukkRWK7o
— Germán R. Abril (@gerebit0) January 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

